речник контакт

Каква есен не очекува?

Дождлива со температурни осцилации и можност од поплави

Петар Печков

По доста топлото и релативно сушно лето, во средата стигна есента. Поради силниот глобален ефект на метеоролошкиот феномен Ел Нињо, се очекува и есента, па и зимата да бидат значително потопли од просечното. Деталните регионални прогнози, укажуваат дека на Балканскиот Полуостров, се очекува потопла, но и повлажна есен, со зачестени појави на невреме и поројни врнежи. Како и да е, следните 3 месеци може да уживаме во пријатните и нешто посвежи есенски денови.

А што велат прогнозите на Accuweather (слични се и на останатите метео-сервиси) за оваа есен? Според нив есента во овој дел на Балаканскиот Полуостров (каде што се наоѓа и Македонија) ќе биде потопла од просечното во речиси сите 3 месеци, меѓутоа ќе е доста променлива и со чести појави на невреме. Исто така се очекуваат 10-15 појави на интензивни врнежи, посебно во месеците октомври и ноември.

Во месец октомври можни се драстични промени во температурата, со големи осцилации на максималните дневни вредности: од 5-6 степени па до 30 степени Целзиусови и просекот од 18-23 степени (наведеното не се однесува за планинските подрачја). Веќе во почетокот на октомври ќе се појават првите снежни врнежи на планините, а до крајот на месецот сосема краткотрајна снежна покривка е веројатна и во повисоките котлини.

Според Accuweather, декември ќе биде прилично топол месец, со потпросечни врнежи. Релативно топлиот период би требало да продолжи до самиот крај на годината. Според наведената прогноза која е во согласност со укажувањата на повеќе светски метео и климатолошки центри, постои голема веројатност на Балканскиот Полуостров и во Македонија, во текот на есенскиот и зимскиот период, па и во почетокот на следната година, да има чести временски непогоди, повремени обилни врнежи, следени со појави на поплави, силна ерозија, свлечишта и др. Инаку оваа лето ќе остане запаметено како едно од потоплите и доста сушни, не само во Македонија туку и на целиот Балкански Полуостров.

Иако максималните температури само неколку пати се искачија над 40 степени, вредностите беа постојано високи, најчесто помеѓу 30 и 40 степени. Првичните податоци покажуваат дека ова лето има меѓу највисоки температурни суми во Македонија откога се вршат мерењата

еве ја прогнозата за оваа есен, која  беше мошне точна и за летото

http://www.accuweather.com/en/weather-news/europe-fall-forecast-heat-ling/52002792

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »